Јужнокорејската компанија Samsung одлучи да направи специјален паметен телефон за игри.

Многу производители веќе планираат да направат специјални смартфони за играње видео-игри, а сега тоа го сака и Samsung.

Паметните телефони на Samsung се едни од најнеоптимизираните за играње игри и од компанијата наведуваат дека им е жал за тоа и дека сакаат повеќе да се фокусираат на игри за мобилни телефони.

Затоа, тие ќе направат нов телефон, кој ќе биде посебен за игри, со секако основните функции што ги има секој смартфон.

Порталот LetsGoDigital пренесува дека Samsung ќе има опција на новиот смартфон каде што корисниците ќе можат да го вклучуваат и исклучуваат кулерот и со тоа самите ќе ја контролираат температурата.

Samsung во моментов нема паметен телефон во својата понуда со кулер.

Компанијата не даде коментар за ова прашање, а LetsGoDigital наведува дека нема да објавува ништо се до појавувањето до прототипот.

Извор: B92.net