Различни извори тврдат дека Apple ќе имплементира дизајн со два отвора во новиот iPhone.

Веќе некое време се појавуваат информации дека засекот во екранот ќе биде отстранет од  iPhone 14 серијата. Сепак, има многу дебати за тоа што ќе направи Apple со предната камера и Face ID сензорот.

Според Рос Јанг, консултант и аналитичар во индустријата за дисплеи, iPhone 14 Pro ќе има два отвори – таканаречениот punch-hole отвор, како и издолжен засек до него.

Ваквиот распоред на отворите за сензорите во екранот го потврдуваат и тест фотографиите на дисплеј панелот што се појавија неодамна. На десната страна се наоѓа издолжен отвор, а на десната кружен отвор.

Останува да видиме што ќе се случи со Face ID сензорот, а некои извори тврдат дека тој нема да биде отстранет пред 2023 година.