Кинеската социјална мрежа Weibo ги објави првите фотографии на двата модела од јубилејната серија паметни телефони на Meizu.

Како што е познато, трите уреди со кои компанијата ќе го одбележи својот 15-ти роденден се појавија пред неколку дена на сајтот на локалниот регулатор TENAA, кој ги откри спецификациите на моделот.

Корисникот има објавено и фотографии од Meizu 15 и поголемата верзија Meizu 15 Plus. Двата модели доаѓаат со AMOLED дисплеи, со дијагонали од 5,46 и 5,95 инчи.

Поинтересните слики се од задниот панел на Meizu 15 Plus. Таму се прикажува стаклен панел кој имитира метал и кружен блиц кој ја надополнува двојната камера со резолуција од 12 + 20 мегапиксели. Meizu сé уште не објавил датум за премиерата, но нема да мораме долго да чекаме.