Со новата iPhone 12 серијата, Apple го претстави она што компанијата го нарекува Ceramic Shield, а во прашање е нов тип на заштита за стакло, за која компанијата тврди дека е четири пати поотпорна во споредба со претходните iPhone модели. EverythingApplePro одлучи да ја тестира оваа отпорност преку серијата тестови на паѓање.

Секако, овие тестови не се научно втемелени, но и натаму можат да дадат добар увид во тоа колку се отпорни новите iPhone модели.

Кога е во прашање конкретното куќиште на iPhone 12 моделот, стандардната iPhone 12 верзија се покажќа нешто полошо во споредба со iPhone 12 Pro моделот. Причината за ова е што iPhone 12 Pro користи нерѓосувачки челик за рамката околу телефонот, додека iPhone 12 користи алуминиум.

EverythingApplePro тврди дека во текот на тестот, iPhone 11 серијата поминувала најлошо кога смартфоните паѓале на екранот, што докажува дека iPhone 12 моделите ги краси поотпорен дисплеј.

Иако не постојат голем број ситуации во кој iPhone 12 би ви паѓал од височини прикажани на тестот, секако се препорачува со новите телефони да се користат заштитни куќишта/футроли/маски за вашиот скап уред да остане заштитен.