Претстојната Galaxy S20 линија телефони на Samsung ќе понуди неколку новитети и премиерни карактеристики, кои досега немавме прилика да ги видиме на премиум моделите на компанијата. Некои од најочекуваните новитети се однесуваат на камерата на задната страна. Претходните рендери ни пружија увид во тоа што можеме да очекуваме, но најновите информации сугерираат дека Galaxy S20 Ultra ќе има поинаков систем на камери од она што можевме да видиме досега.

Дојавувачот Ishan Agarwal објави рендер од системот на задни камери за S20 Ultra. Системот камери има дизајн во два тона, со мат завршница. Се очекува дека Galaxy S20 Ultra ќе има нова 1080MP главна камера, 12MP ултраширок сензор и ToF сензор.

Меѓутоа, главната ѕвезда на овој камера систем, всушност, би можел да биде 48MP перископ, телефото модул, кој ќе биде способен за 10X оптичко и 100X дигитално зумирање. Според новите информации, Samsung ќе уфрли и „100X“ знак покрај перископ камерата, заедно со маркетиншкото име.

Новиот дизајн го потврдија и дојавувачот IceUniverse и јужнокорејскиот дизајнер MINU. Од Unpacked настанот не делат само три недели (11. февруари), кога ќе ги дознаеме сите детали за Galaxy S20 серијата смартфони.