Во текот на својот финансиски извештај, Microsoft истакна дека во текот на претходната година во својот екосистем додаде 300 милиони нови корисници. Компанијата во март 2020. година прослави достигнување од милијарда кориснции, а сега тој број е зголемен на 1,3 милијарди.

Microsoft овој раст го припишува на зголемувањето на побарувачката и поголемиот број корисници кои купуваат уреди со големи екрани во текот на пандемијата, вклучувајќи лаптоп и десктоп компјутери, бидејќи голем број од луѓето се префрлиај на работа и едукација од дома.

Во финансискиот извештај на Microsoft, за тримесечјето кое завршува на 31. март, 2021. година, резултатаите се повисоки од она што предвидуваа аналитичарите. Компанијата оствари приход од 41,7 милијарди долари (наспроти предвидените 41,03 милијарди), додека нето заработувачката изнесуваше 15,5 милијарди долари (зголемување од 44 проценти на годишно ниво).

Солидните перформанси на Microsoft се предводени од добрите резултати на Office 365 и Azure cloud сервисите. Решенијата во облак на компанијата на годишно ниво забележаа раст од 33 проценти, со приход од 17,7 милијарди долари.