Microsoft почна да споделува повеќе детали за тоа како точно замислува дека ќе работат идните апликации на неодамна претставените Microsoft Surface Neo и Duo уреди, но и на сите останати уреди со два екрана.

По default, апликацијата ќе зазема еден екран, а корисниците во секој момент можат оваа иста апликација да ја префрлат да биде на двата дисплеја. Меѓутоа, освен онаа стандардната процедура, апликацијата наместо на еден екран да се развлече да работи на два, Microsoft сподели информации и за други начини како тоа може да функционира. Овие други опции се, доколку е во прашање документ, едната страна да биде на една страна, а другата на втора, илио на едната страна да бидат главните опции на одредена апликација, а на другата деталите.

Ова се се иницијални патерни и идеи, а ќе видиме како тоа ќе функционира во пракса. Претпоставуваме дека низа опции ќе бидат додавани и попатно, кога ќе се види како реагираат корисниците.

И другите производители на хардвер, како Dell, HP, Lenovo и Asus, исто така, работат на dual-screen уреди, кои ќе работат на верзијата Windows 10X, специјално оптимизирана за ваквите уреди. Повеќе информации за својот план за новата претсојна серија уреди и софтвери, Microsoft планира да објави на својата конференција во мај оваа година.