Realme Q3 серијата ќе биде претставена на 22/ април во Кина. Pro моделот на телефонот, во рамките на оваа серија, ќе има систем со три камери и панел на задната страна што свети во темнина. Сега дознавме и повеќе информации за стандардниот модел.

Компанијата објави фотографија од Realme Q3 смартфонот во сива боја. Видлива е лента од задната страна, со ознаката „Dare to Leap“. Уредот има холограмска обвивка која изгледа како виножито од одредени агли, а Realme го нарекува овој ефект „Психоделично сребрен“.

Системот на камери на прв поглед изгледа како четирикратен, но на еден од сензорите има испишано AI. Телефонот се очекува да има главна и ултраширока камера, како и сензор за макро/длабочина.

Иако Realme Q серијата воглавно не стигнува на пазарите надвор од Кина, Realme Q3 или Q3 Pro можат глобално да се појават под други имиња.