Intel ќе треба да се збогува со идејата дека ќе испорачува 5G модеми за моделите на iPhone во 2020 година, открива веб-страницата Calcalist, која доби пристап до внатрешна комуникација. Во неа, претставници на Intel пишуваат дека биле известени од Apple, дека нема да го користат модемот кој го носи кодното име Sunny Peak и вклучува уште Wi-Fi и Bluetooth можности.

Како резултат на тоа, Intel целосно престанал со работата на модемот и ги пренасочи луѓето од екипата на други проекти. Apple е клучен клиент за 5G модемот на Intel и неговото откажување претставува сериозен удар за компанијата. Во комуникацијата се наведува дека Apple прави големи напори да додаде 5G чипови во своите производи, а одлуката да се откаже од модемот на Intel може да се должи на многу фактори.

Се споменува уште дека воведувањето на новиот Wi-Fi стандард WiGig (802.11ad), исто така, создава неочекувани пречки. Сепак, Intel не се откажува од борбата ди се надева дека ќе го подобри својот модем за да го смести во моделите на iPhone  од 2022 година. Неодамна, Bloomberg извести дека Intel ризикува да го загуби Apple како клиент за 5G модем и дека може да биде заменет од MediaTek.