Пред една недела Huawei Mate 30 Lite се појави на сајтот на кинеската агенција TENAA, која откри дека моделот има 6.26-инчен IPS дисплеј, Full HD + резолуција и 32MP селфи камера.

Други карактеристики се Kirin 810, 6/8GB RAM меморија, 128/256GB внатрешна меморија и 3900 mAh батерија. Главната камера е со 4 сензори (48MP + 8MP + 2MP + 2MP), а читачот за отпечатоци се наоѓа на задната страна.

Сега, благодарение на популарниот Вонг Фенџин, имаме слики од Mate 30 Lite, кој ќе биде дистрибуиран во Кина под името nova 5i Pro. Тие го потврдуваат присуството на „teardrop“ отворот на екранот и четирикратната камера на грбот, а дизајнот на задниот дел наликува на оној кај Mate 20.

Новиот 5i Pro може да биде промовиран во Кина во август а меѓународна верзија ќе биде достапна во септември.

Кратко време по објавувањето на фотографиите во „Веибо“, тие беа отстранети.