Во последните неколку недели немаше нови информации за Honor и неговите уреди, но сега два сертификациски листинга во Кина сугерираат дека во подготовка е нов телефон на компанијата.

Уредот ја носи ознака на модел KOZ-AL00 и има 6,51-инчен екран со засек за селфи камерата, како и три камера сензори на задната страна сместени во квадратен модул.

Листингот открива и дека ова ќе биде смартфон кој нуди само LTE поддршка, што значи дека се очекува во рамките на средниот сегмент на пазарот. Наведена е батерија од 4900mAh, а сертификатот открива и поддршка за 10W полнење.

На полето на софтверот, телефонот ќе користи Android 10. Познати се и димензиите на уредот, кои изнесуваат 163,9 x 75,7 x 8,9 милиметри.