Apple наводно работи на план што ќе овозможи зголемување на производството на iPhone линиите на компанијата за 30 проценти. Според најновиот извештај на јапонскиот сајт Nikkei, Apple планира да го зголеми производството на 96 милиони примероци во текот на првата половина на 2021. година.

Неименувани извори сугерираат дека главниот фокус на компанијата од Купертино ќе биде производството на iPhone 12 линијата, минатогодишните iPhone 11 модели и iPhone SE.

Засега не е познато дали Apple се соочува со недостаток на компоненти, но се сугерира дека компанијата се одлучила на ваквиот потег токму за да го спречи недостаокот на главните компоненти со кои пазарот може да се соочи.

Извештајот, исто така, сугерира дека Apple планира да произведе до 230 милиони iPhone уреди во текот на 2021. година, што ќе претставува зголемување од околу 21 процент во однос на 2019. година. Секако, овој број не е фиксен, така што може да дојде до промена во плановите на производството во зависност од побарувачката за iPhone на пазарот.