Samsung Galaxy S11 би можел да пристигне со исклучителна карактеристика, која би можела да овозможи мерење на се – од тоа колку сте дехидрирани до детекција на системот на хамбургери од McDonald’s. Ова би требало да му олесни на корисникот да води поздрав живот.

Сајтот LetsGoDigital откри патент на Samsung, за кој јужнокорејската компанија неодамна поднесе барање, а укажува на телефон со спектрометар. Во прашање е сензор кој го мери хемискиот состав за да одреди што се наоѓа во објектот, како и специфичните количини на таа содржина. Технологијата му овозможува на сензорот да ја одреди содржината на водата низ кожата или нутритивната вредност на храната и слично.

Galaxy S11 не би бил прв смартфон со спектрометар (доколку навистина пристигне со оваа карактеристика). Тоа претходно веќе го имплементираше Changhong H2, кој е прикажан во 2017. година на CES саемот, а потоа е објавен во Кина и САД.

Покрај споменатиот спектрометар, Samsung Galaxy S11 би можел да има 108MP камера на задната страна и 5x оптички зум. Се очекува и слајдер екран, а ова би можел да биде првиот телефон на компанијата без физички копчиња.

Се очекува дека Samsung Galaxy S11 ќе биде претставен во февруари, 2020. година, пред Светскиот мобилен конгрес.