Instagram ja лансираше новата функција под името Remix, која нуди начин за снимање на вашиот Reels видео запис заедно со видео од друг корисник. Опцијата е слична на постоечката опција Duets на TikTok, која исто така им овозможува на корисниците да реагираат на видео на друго лице или да стапат во интеракција со него додека го креираат сопственото видео.

На TikTok, дуетите се клучен дел што ја прави апликацијата да се чувствува повеќе како социјална мрежа, а помалку како пасивно искуство на гледање видеа. Корисниците го користат Duets за пеење, играње, шега или глума со видеото на друг корисник.

Во меѓувреме, конкурентите на TikTok – како што се Instagram Reels, Snapchat Spotlight или YouTube Shorts ги лансираа своите видео искуства во краток облик, без опциите што ги имаше TikTok, но и без ангажирање на други корисници во видеата или повеќе можности за уредување на видеата, правејќи другите апликации да се чувствуваат како бледи копии на оригиналот. Instagram Remix е првиот чекор кон промена на таа перцепција, обезбедувајќи им на младите креативци барем една важна опција меѓусебно да се ангажираат, соработуваат и забавуваат со своите колеги или пријатели.