Компанијата HTC во последно време не беше многу активна кога станува збор за нови телефони. Сепак, тајванскиот производител не го напушти овој пазар, ниту планира тоа да го направи во блиска иднина. Според извештајот на DigiTimes, HTC планира да се врати на пазарот на смартфони подоцна во текот на годината со нови 5G модели.

Напорите на HTC на пазарот на паметни телефони во последно време се спорадични. Компанијата повремено објавуваш нови смартфони, а имаше и интересни концепти како што е блокчејн паметниот телефон. Не е познато какви уреди можеме да очекуваме подоцна оваа година – дали тоа ќе бидат буџетски 5G смартфони или ќе станува збор за премиум модел. што може да ја сигнализира желбата на HTC да се врати на пазарот во полна сила.

HTC беше една од поголемите компании кога почнаа да се појавуваат паметните телефони , а се натпреваруваше со Samsung, LG и Motorola. Сепак, компанијата полека почна да заостанува, што кулминираше со продажбата на одделот за паметни телефони на Google.