Иако Apple во голема мерка успеа да го одржи своето производство во текот на пандемијата, глобалниот недостаток на чипови почнува да влијае на компанијата. Според новиот извештај, Apple се соочува со одложување на производството на MacBook и iPad уредите, поради недостиг на компоненти.
Според извештајот на Nikkei, дел од нарачките на компанијата сега е одложен за втората половина на 2021. година, што Apple го става во незгодна позиција кога се во прашање MacBook и iPad производните линии.
Ова се поклопува со информациите што се појавија на почетокот на неделата, а кои сугерираат дека бројните индустрии се соочуваат со проблеми во недостигот на чипови за дисплеј драјвери, кои се неопходни за функционирање на LCD екраните. Ова остава последици при производството на автомобили, потрошувачка електроника, а сега и лаптопи и таблет уреди.
Се сугерира дека iPhone би можел да биде следен на листата уреди кои ќе се соочат со проблеми во производството. Изворите тврдат дека залихите на компоненти се оскудни, што би можело да се одрази на производството во следните месеци.
Поврзани артикли