Американскиот технолошки гигант Microsoft е во преговори за купување на социјалната мрежа Discord, за 10 милијарди долари, објави Bloomberg

Според извори запознати со преговорите за зделката, Discord разговара и со други потенцијални купувачи, но сè уште не е потпишан договор. Постои и мислење дека компанијата е поверојатно да излезе сама на пазарот и во јавноста, отколку да биде продадена.

Главно, разговорите меѓу Discord и Microsoft досега биле околу проценката на интересот на компанијата. Преговорите со социјалната мрежа ги води Фил Спенсер, шеф на одделот „Икс-бокс“ во Microsoft, што развива конзоли за игри.

Создадена 2015 година, социјалната мрежа Discord е замислена како платформа за гејмери ​​и во мигов има над 100 милиони активни корисници месечно.