Youtube отстрани повеќе од милион видеа од својата мрежа во последната година и половина поради дезинформации поврзани со коронавирусот.

Youtube се бори против дезинформациите поврзани со Ковид-19 и се потруди да ги отстрани сите видеа во кои се наведува дека коронавирусот е лажен и снимките каде се зборува за наводните лекови против корона.

Компанијата соопшти дека не успеала се да отстрани и дека не е ни блиску до бројот на снимки со лажни информации на нивната мрежа.

Од сервисот најавија дека ќе ги унапредат своите програми кои пребаруваат и отстрануваат такви видеа и дека сега ќе ги отстранат пред воопшто да бидат објавени.

YouTube брише и видео снимки поврзани со коцкање и избори, и многумина се грижат дека тоа ќе влијае на слободата на говорот.