Конзолата на Qualcomm би требало да изгледа како подебел телефон и со дополнителни контролери од страна што се одвојуваат, какви што има Nintendo Switch.
Компанијата Qualcomm, чии процесори работат со најголем број Android телефони, планира следната година да ја претстави својата прва гејминг конзола.
Иако се уште нема официјална потврда, извори запознати со плановите на компанијата велат дека ќе станува збор за комбинација од голем телефон и Nintendo Switch и дека цената ќе изнесува околу 300 долари.
Дијагоналата на екранот треба да биде околу 6,65 инчи, а ќе ја има најновата верзија на Snapdragon чипсетот, која ќе биде актуелна кога ќе излезе конзолата. Сепак, не е познато дали хардверот ќе биде ист како кај повеќето телефони или ќе биде прилагоден.
Конзолата ќе има контролери од страните, а како и Nontendo Switch, уредот веројатно ќе може да се поврзе со телевизори.
Оперативниот систем на кој ќе работи конзолата ќе биде Android 12, а се очекува и поддршка за Epic Games Store. Порталот Android Police тврди дека конзолата ќе има капацитет на батеријата од 6.000 mAh, брзо полнење и поддршка за 5G.
Преостанува уште малку повеќе од една година до претставувањето на новата конзола, би требало да дознаеме повеќе детали во следниот период.
Поврзани артикли