ZTE почна со почести објави на тизери за Axon 30 5G телефонот, кој ќе има „in-display“ селфи камера. Компанијата сега, преку најнов тизер, открива дека областа над камерата ќе има густина на пиксели од 400ppi, што е два патти повеќе во однос на претходната генерација.

Поголемата густина на пиксели ќе резултира со подобар квалитет на сликата, поголема јаснотија и помало замаглување. Токму ова искуство беше лошо на Axon 20 5G моделот, кој беше и прв комерцијален теелфон со камера под екранот. Покрај тоа, поголемата густина на пиксели би требало селфи камерата под екранот да ја направи помалку забележителна.

ZTE не објави никакви други детали за Axon 30 5G телефонот, но се очекува дека ќе има 55W полнење на батеријата. Повеќе детали се очекуваат во следните денови, а телефонот ќе биде официјално претставен на 22. јули.