Фанови на палачинките ова е за вас! Запознајте го PancakeBot – првиот печатач за храна кој може да направи палачинка во каква форма и да посакате. Новиот изум кој е преставен на пазарот уште минатата година, сега тргна во продажба по цена од 300 долари.

Иако изгледа комплицирано, сепак користењето на PancakeBot е всушност многу едноставно. Ја поставувате саканата слика преку уредот за SD картичка, печатачот ќе го пресече тестото од палачинка во посакуваната форма, а потоа ќе го испече на топлата површина.

Машината може да подготви палачинка со различен тајминг за да создаде нијанси на саканата слика. Покрај тоа, уредот има копчиња за прилагодување на брзината за готвење, притисокот и температурата, што може да даде уште повеќе детали во формата.

PancakeBot е дело на инженерот Мигел Валензуела. Прототипот на машината за првпат беше преставен во 2013 година.