Компанијата Samsung официјално го потврди датумот на својот традиционален Unpacked настан, а тоа е 10 август.

Samsung испрати покани за настанот Unpacked каде ќе бидат претставени новите уреди. Се очекува тоа да бидат два уреди на преклопување, следната генерација Galaxy Z Fold и Galaxy Z Flip, како и комплет безжични слушалки.

Иако информациите се уште се оскудни, се шпекулира дека Samsung ќе ги продава своите нови преклопни уреди по пониски цени од претходните.

Unpacked ќе се одржи на 10 август со почеток во 15:00 часот.