OnePlus веќе објави официјални фотографии на телефоните од претстојната OnePlus 9 серија, а откри и нова боја. Сепак, компанијата сè уште не ги открила сите варијанти на новите уреди.

За оние кои едвај чекаат да видат во кои варијанти ќе пристигнат новите телефони, дојавувачот @evleaks ги прикажа OnePlus 9 и OnePlus 9 Pro во по две бои: црна и виолетова за стандардниот модел и сребрена и зелена за Pro моделот.

Се очекува дека стандардниот модел ќе биде достапен и во сина боја. Оваа варијанта беше видена на претходните рендери, а сината опција на уредот традиционално беше достапна уште од објавувањето на OnePlus 7 Pro моделот (со исклучок на 8T).

OnePlus 9 серијата телефони ќе биде официјално претставена на 23 март.