Пред една недела, Oppo ја претстави Find X3 серијaта, со вкупно четири телефони. Find X3 Pro е најинтересен меѓу нив, поради неговите премиум карактеристики и единствената камера.

Тука е и Find X3 Neo, со Snapdragon 865 чип и поддршка за 65W полнење, додека Find X3 Lite е модел од средна класа, со Snapdragon 765G чипсет. Овие три телефони сега се достапни за продажба во Европа.

Find X3 Pro има цена од 1149 евра и доаѓа во црна и астрално сина боја, а е достапен во варијанта со 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање.

Find X3 Neo се продава по цена од 799 евра и пристигнува во црна и галактик сребрена варијанта. Како и моделот Find X3 Pro, достапен е во комбинација со 12GB RAM и 256GB простор.

Find X3 Lite чини 449 евра и е достапен во црнa, астралнa сино и галактичкa сребрена боја. Телефонот пристигнува со 8GB RAM и 128GB простор за складирање..