Nokia на социјалните мрежи објави фотографија со текст „Со најновиот телефон на Nokia повеќе никогаш нема да ви биде потребна заштитна футрола 27.07.21“. Фотографијата го прикажува уредот со овој текст (на англиски) на задната страна.

Не е познато кој конкретно уред ќе биде објавен на 27. јули, но се сугерира дека тоа би можел да биде издржлив модел. Уредот од фотографијата е многу сличен на Nokia X10 и X20 серијата, а има четири камери во кружниот модул. Забележително е и ZEISS брендирање, покрај LED блицот.

Телефонот веројатно ќе биде наменет за пазарите во развој, а се очекува да биде достапен модел од долниот сегмент. Повеќе детали за уредот веројатно ќе бидат достапни како што се приближуваме до датумот на објава.

Nokia во текот на ноември би можела да го објави својот следен премиум телефон, кој претходно во повеќе наврати беше одложуван.