Одредени корисници на TikTok вчера беа пречекани со најава дека ќе можат да поставуваат видеа со времетраење до десет минути. Во изјава за The Verge, TikTok потврдува дека ажурирањето се одвива на глобално ниво

„Возбудени сме што почнуваме со воведување на можноста за прикачување видеа со времетраење до десет минути, што се надеваме дека ќе ослободи уште повеќе креативни можности за нашите креатоти ширум светот“.

TikTok првично го продолжи ограничувањето од една на три минути минатиот јули. Со продолжување на дозволеното време по видео на TIkTok, брендот се надева дека ќе види уште поголем ангажман на своите корисници – што пак може да резултира со повисоки приходи од реклами.

Одреден број корисници веќе можеа да прикачат петминутни видеа на платформата, но со најновото ажурирање на TikTok, секој ќе може да поставува подолги видеа. Иако оваа промена може да привлече повеќе корисници и да го зголеми целокупниот ангажман, останува да се види дали подолгите видеа ќе функционираат добро со алгоритмот „For you“ на TikTok.

Во интервју за The Verge, консултантот за социјални медиуми и индустриски аналитичар Мет Навара вели дека видео со подолг формат е генерално полесно да се монетизира и ги задржува корисниците подолго. Навара објаснува дека TikTok треба да открие како да вгради подолги видеа во својата платформа. „Тие би можеле да размислат за наменски картички за содржини со подолг формат бидејќи не се вклопуваат добро во вертикален феед со пократки видеа, на кои луѓето се навикнати да поминуваат со голема брзина“.