Samsung оваа недела го претстави новиот S27A800U монитор, кој е наменет за професионални корисници. Дисплејот има 27-инчен IPS панел со 4K резолуција и HDR10 можности.

Samsung S27A800U нуди одзив од 5ms G2G, агли на гледање од 178 степени хоризонтално и вертикално, 10-битна (8 бита + FRC) длабочина на бои и типично осветлување од 300 нита. Контрастот е 1000: 1, но може да се зголеми преку Dynamic Contrast функцијата.

Мониторот исто така има flicker-free и режим за намалување на синото светло, кои се TÜV Rheinland сертификувани. Достапните видео излези вклучуваат HDMI 2.0, DisplayPort 1.2 и USB-C со DisplayPort Alternative Mode. Постојат и 3х USB-A портови и 3,5 мм приклучок.

Цената и достапноста на Samsung S27A800U 4K IPS мониторот не се објавени, но се очекува овој месец да се појави во продажба.