Без оглед на борбата на интернет-платформите против ширењето дезинформации во врска со коронавирусот, нив ги има сè повеќе.

За тоа сведочи извештајот во кој се вели дека YouTube отстранил повеќе од 30 000 измамнички видеа поврзани со Ковид-19, само во последните пет месеци.

Портпаролката на оваа платформа рече дека отстранетата содржина е целосно спротивна на информациите дадени од Светската здравствена организација, или други институции кои издаваат упатства во врска со пандемијата, пренесува BBC.