Во текот на 2020 година, многу индустрии на пазарот забележаа големи загуби како резултат на пандемијата со Ковид-19. Сепак, индустријата за игри не само што се одржа, туку и напредуваше во овој период, а пазарот на конзоли надмина вредност од 50 милијарди долари на глобално ниво.
Според Gamesindustry.biz (врз основа на истражувањето на Ampere Analysis), во текот на 2020 година, глобалниот пазар на конзоли порасна за 19 проценти на годишно ниво, од 45,2 милијарди на 53,9 милијарди долари. Sony остана лидер на пазарот со 46 проценти удел на пазарот. Nintendo беше втор со 31 отсто удел на пазарот и Microsoft трет со 23 проценти.
Иако овие позиции не се променија од 2019 година, пазарниот удел на секој производител на конзоли малку се промени. Во 2019 година, Sony имаше 49% удел на пазарот, што значи дека во текот на 2020 година имаше пад за три проценти. Microsoft забележа пад од еден отсто, што значи дека единствено Nintendo оствари раст.
Иако бизнисот со дигитални игри на Nintendo значително се зголеми во 2020 година, Sony беше тој што го зазема првото место во продажбата на дигитални наслови со 50 проценти од вкупната продажба. Од друга страна, Nintendo беше лидер во продажбата на физички игри. Вкупно гледајќи, 67 проценти од целата потрошувачка во 2020 година отиде на дигитална содржина, што е голем пораст од осум отсто.
Ampere Analysis очекува дека пазарот на конзоли ќе забележи уште поголем пораст во 2021 година, на 58,6 милијарди долари.
Поврзани артикли