Amazon го објави новиот дизајн на иконата за нивната апликација и предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи бидејќи многу луѓе не се воодушевени од новиот изглед на иконата.

Корисниците на Twitter предлагаат Amazon да го преиспита нивниот дизајн, бидејќи според некои изгледа како Адолф Хитлер.

Новата икона го содржи логото на компанијата – насмевка, како и сина лента на врвот, што претставува кутија за испорака.

Сепак, токму оваа сина лента многумина ја поврзуваат со препознатливите мустаќи на Хитлер.

„Новото лого на апликацијата Амазон е Хитлер со сини мустаќи“, „Амазон треба да го преиспита ова лого“, „Сериозно, кој ја одобри насмеаната уста и мустаќите на Хитлер како ново лого на Amazon“, „Каде сме го виделе ова лого на Амазон порано “, се некои од реакциите на Twitter.

Сепак, не секој го гледа проблемот во новото лого.

„Не гледам ништо лошо во ова. Тоа е запечатена кутија со логото на Amazon”, “Неверојатен дизајн, можеби Google може да научи нешто за дизајн на икона”, напишале тие.

На старата икона на Amazon имаше сина корпа, а над него се наоѓаше логото на компанијата.

Извор: Index.hr