Новата студија укажува на тоа дека постовите на Facebook би можеле да бидат први сигнали дека корисникот ќе развие некое ментално нарушување.

Резултатите на студијата се базирани на алгоритмите на машинско учење, кои се во врска со „лингвистичкиот отисок“ на корисникот, а со собирање на податоци се занимавале експертите на компанијата IBM. Во таа прилика е утврдено дека оние кои ќе добијат некое нарушување, полесно користат пцовки и зборови кои имаат негативна емотивна вредност. Зборовите кои се користеле во Facebook постовите и директните пораки, биле снимани во Linguistic Inquiry Word Count, а покрај текстуалните анализирани се и други содржини.

Утврдено е дека корисниците кои живеат со шизофренија поставуваат фотографии кои се со помали димензии, од оние кои ги бираат лицата кои ја немаат оваа болест и дека оние кои страдаат од нарушување на расположението бираат фотографии кои имаат повеќе сини, а помалку жолти бои.

Истражувањето е дел од релативно новото поле во психијатријата, а се работи за делот што се занимава со комуникација на социјалните мрежи. Се очекува декла овие анализи ќе овозможат рани и попрецизни дијагнози. Во истражувањето учествувале 223 испитаници, а анализирани се 3,4 милиони пораки кои се разменувани на Facebook, како и 140.000 фотографии. Меѓу учесниците се нашле 79 кои живеат со шизофренија, 74 кои страдаат од афективни нарушувања и 70 кои немаат никакви потешкотии.