Иако слушнавме гласини за неколку модели од Xiaomi Mi 11 серијата, компанијата досега го претстави само стандардниот Mi 11. Тоа би можело наскоро да се промени, а се очекуваат Mi 11 Lite 5G, како и Mi 11 Pro и Mi 11 Ultra.

Сега Xiaomi Mi 11 Lite 5G се појави на листинг за малопродажба во Европа. Телефонот е наведен во варијантата Truffle Black, со 6GB RAM меморија, 128GB простор за складирање и цена од 408,18 евра.

Засега не е познато дали ова е само прогнозирана цена, со оглед на тоа што Xiaomi сè уште ништо нема објавено за телефонот. Препорачаната малопродажна цена на уредот би можела да биде дури 399 евра, но ова не значи дека станува збор за буџетски телефон.

Минатогодишниот Mi 10 Lite 5G во основната варијанта имаше 6GB RAM и 64GB простор за складирање, а се продаваше по цена од 349 евра. Тоа сугерира дека Mi 11 Lite 5G може да има иста цена како и неговиот претходник, доколку се појави во споменатата варијанта.

Гласините сугерираат дека Xiaomi Mi 11 Lite 5G ќе го има се уште необјавениот Qualcomm Snapdragon 775G чипсет, 90Hz AMOLED екран, тројна камера со 64MP главен сензор, батерија од 4250mAh со поддршка за 33W брзо полнење и MUIU 12 базиран на Android 11 .