Предлогот за воведување на таканаречениот „ковид пасош“ за слободно движење низ земјите на ЕУ, кој ќе биде ставен на разгледување на 17 март, ќе важи само за вакцините кои ги одобрила Европската комисија за лекови (ЕМА).

Неодобрените вакцини, исто така, нема да бидат опфатени со клаузулата за одговорност на ЕУ и контрола на квалитетот.

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ја потврди оваа информација.

Како што тврди неименуван извор, еврокомесарот за правосудство Дидие Рејндерс јасно ставил до знаење дека земјите членки можат слободно да ги вакцинираат своите граѓани со други вакцини, но нема да им биде доделена „лиценцирана патна потврда“ доколку не ја примиле вакцината на некои од производителите кои ги одобрила ЕМА.

ЕМА ги одобри вакцините на четири производители: Фајзер/БиоНТек, АстраЗенека, Модерна и Џонсон и Џонсон.