OnePlus неодамна потврди дека камерите на OnePlus 9 серијата на компанијата, која ќе биде претставена на 23. март, ќе користи Sony IMX789 сензор. Сега компанијата откри дека смартфоните ќе има и Sony IMX766 ултраширока камера.
Ултрашироката камера ќе има 50MP резолуција, а OnePlus истакнува дека ќе користи freeform леќа, кое ја намалува дисторзијата од 20 проценти на околу еден отсто. Пит Лау, Извршниот директор на OnePlus, објави и две фотографии – една креирана со стандардната камера и на која е забележителна дисторзија, како и втора креирана со IMX766 сензор со минимална дисторзија.
Ultra-wide photography literally broadens your horizons. Shouldn’t it also keep them true? On the left, a shot taken with a conventional ultra-wide. On the right, the same (and yet totally different) photo taken with the #OnePlus9Series, free of distortion. pic.twitter.com/jbtWae2faP
— Pete Lau (@PeteLau) March 10, 2021
OnePlus 9 серијата ќе ја сочинуваат три телефони – стандардниот OnePlus 9, OnePlus 9 Pro и OnePlus 9E.
Поврзани артикли