OnePlus неодамна потврди дека камерите на OnePlus 9 серијата на компанијата, која ќе биде претставена на 23. март, ќе користи Sony IMX789 сензор. Сега компанијата откри дека смартфоните ќе има и Sony IMX766 ултраширока камера.

Ултрашироката камера ќе има 50MP резолуција, а OnePlus истакнува дека ќе користи freeform леќа, кое ја намалува дисторзијата од 20 проценти на околу еден отсто. Пит Лау, Извршниот директор на OnePlus, објави и две фотографии – една креирана со стандардната камера и на која е забележителна дисторзија, како и втора креирана со IMX766 сензор со минимална дисторзија.

OnePlus 9 серијата ќе ја сочинуваат три телефони – стандардниот OnePlus 9, OnePlus 9 Pro и OnePlus 9E.