На децата во Кина ќе им биде ограничено користењето на Duoyin, кинеската верзија на социјалната мрежа ТikTok.

Кина ја продолжува борбата против социјалните мрежи и генерално технологијата,

На децата на возраст до 14 години ќе им биде забрането да го користат TikTok подолго од 40 минути дневно.

Неодамна беше воведена забрана за децата во работните денови да играат видео игри, а сега стартува и скратувањето на времето поминато на социјалните мрежи.

Сега децата на возраст до 14 години ќе влегуваат на TikTok преку апликацијата YouthMode и ќе имаат можност да ја користат апликацијата 40 минути дневно.

Во Кина, TikTok се вика Duoyin и апликацијата е речиси идентична.

Апликацијата Duoyin е иста како TikTok, само содржината е малку поинаква, бидејќи нема политика на апликацијата и останати непријатни содржини за деца. Оваа апликација има 600 милиони корисници дневно.