Со моделот DBX, Aston Martin се приклучи на голем број егзотични брендови кои нудат SUV возила во својата гама.

Bentley ги нуди Bentaig, Lamborghini Urus, а гордоста на британскиот бренд е DBX, во специјално издание.

DBX707 е придвижуван од TwinTurbo V8 мотор со моќност зголемена на 707 КС.

Поради почетокот на производството на оваа навистина посебна изведба, Aston Martin ангажираше околу стотина нови техничари кои ќе учествуваат во производството на модели во фабриката во Велс.

DBX707 забрзува до 100 km/h за помалку од 3,3 секунди и не успорува до 310 km/h. На американскиот пазар стартува по цена од 232.000 УСД, додека во Европа чини 238.500 евра.