Германскиот оператор Deutsche Telekom и индустрискиот производител Siemens ќе градат две одделни приватни 5G мрежи на локацијата каде што се одржува саемот во Хановер.

Deutsche Messe, кој управува со еден од најголемите светски саеми, оној во Хановер, обезбеди приватна 5G лиценца од BNetzA (Федерална агенција за мрежи), германски регулатор во индустријата за комуникации. За да се изгради „една од најголемите 5G кампус мрежи во Европа“, компанијата се обрати до Deutsche Telekom за испорака. Планираната приватна 5G мрежа ќе ги покрива сите 30 изложбени сали и отворени површини со вкупна покриеност од 1,4 милиони квадратни метри.

Мрежата ќе користи пропусност до 190 MHz на опсег од 3,7-3,8 GHz што Германија го резервираше за приватниот 5G. Потребен е широк спектар за изградба на голем број капацитети, за да се обезбеди достапност, истакнаа од Deutsche Messe. Мрежата што го опфаќа целиот изложбен центар ќе биде изградена во фази, при што првата фаза ќе покрие пет главни сали со повеќе од 70 внатрешни антени и надворешни простори со 14 екстерни антени. Deutsche Telekom ќе обезбеди и наменски дел од своите јавни 5G мрежи за сервисирање на Messe, за да ја формира таканаречената „dual-slice“ кампус мрежа.

„За Deutsche Messe, раната одлука да има своја кампус 5G мрежа што ќе го опфаќа целиот изложбен центар е важен стратешки чекор. Со доделувањето на приватна 5G лиценца од Федералната агенција за мрежи и Deutsche Telekom како партнер, го зајакнуваме нашиот основен и нов бизнис. Поради тоа, им нудиме можност на изложувачите и на гостинските организатори на сите саеми во Хановер, во живо на меѓународната публика да и ги претстават нивните производи, решенија и апликации со поддршка за 5G “, рече д-р Јоxен Коклер, претседател на Управниот одбор на Deutsche Messe AG. „Со 5G кампус мрежата, Deutsche Telekom отвора единствена можност нашиот изложбен центар да стане една од најголемите приватни и самостојни 5G области во Европа“, додаде Кеклер.

Тим Хоџс, Извршен директор на Deutsche Telekom се согласи. „Deutsche Telekom е движечка сила на 5G продажбата во Германија – посебно за бизнисот. Со оваа брза 5G кампус мрежа, обезбедуваме транспарентно тестно подрачје за индустријата во Хановер. Дигитализацијата и иновациите во Германија ќе имаат корист од нашето силно партнерство со Messe AG“, истакна Хоџс.

Одделно, познатата компанија Siemens ќе изгради уште една приватна 5G мрежа во изложбениот центар за индустриска употреба во една од изложбените сали. Покрај тоа што на изложувачите ќе им пружа 5G услуги во текот на саемите, мрежата ќе можат да ја користат и надворешни компании за тестови и теренски испитувања за време на периодите надвор од сезоната.

„Во изложбениот сала се презентираат иновативни решенија за индустриските мрежи со користење на оваа 5G мрежна инфраструктура. Една од посебните карактеристики на инфраструктурата на Siemens е тоа што ќе остане трајно во изложбената сала и ќе му биде предадена на Deutsche Messe за комерцијална употреба. Тоа значи дека и другите купувачи можат да ја користат технологијата на Siemens како тестно опкружување за своите производи“, рече д-р Кеклер од Messe AG. Ова е особено корисно за Messe AG, бидејќи ќе може да отвори уште еден извор на приход, посебно кога Ковид-19 се уште ги поместува самите да се одржуваат онлајн.

„Новите мрежни технологии отсекогаш биле важен двигател за иновации. Истото важи и за 5G. Со користење на приватни 5G мрежи, на пример на производните локации, компаниите можат во целост да ги искористат предностите на оваа клучна технологија. Ова им го отвора патот на апликациите ориентирани кон иднината – како мобилните роботи во производството, автономните возила во логистиката или апликациите за проширена реалност за сервисните инженери“, рече Седрик Неике, член на Управниот одбор на Siemens AG и Извршен директор на Digital Industries. „Во исто време, ситуацијата посебно во Германија – со приватниот спектар во опсег од 3,7-3,8 и 26 GHz – и во Европа нуди можност да игра водечка улога во користењето на оваа идна технологија“, додаде Неике.

Siemens можеби престана да се натпреварува на пазарот на јавни мобилни мрежи кога Nokia го купи од NSN, нивното заедничко претпријатие за телекомуникациски мрежи, уште во 2013 година, но компанијата не отстапи од комуникациската индустрија. Напротив, беше активен во секторите како IoT, автономно возење, дигитална трансформација и очигледно 5G. Проектот во Хановер не е ниту првата приватна 5G мрежа на Siemens. Компанијата го испроба приватниот индустриски 5G во својот автомобилски центар за тестирање во Нирнберг, како и во своите погони во Амберг и Карлсруе. Siemens нагласи дека во овие системи „се потпира исклучиво на сопствените независно развиени производи и решенија“.

Поранешниот JV партнер на Siemes, Nokia, исто така најави нова приватна 5G иницијатива, во соработка со својата јавна клиентска 5G мрежа Elisa. Проектот има за цел да им понуди на деловните клиенти мрежи од индустриско ниво, вклучувајќи пристаништа, рудници, фабрики и дистрибутивни центри во Финска. Ова е уште еден случај што покажува дека 5G операторите сè повеќе работат да ги искористат тековите на вредности на пазарите на претпријатија, покрај нивниот традиционален извор на приход, индивидуалните мобилни потрошувачи.