Facebook ја пушти во употреба новата музичка апликација под името Collab.

Collab е замислена како апликација за правење заеднички видео-снимки

Првпат за неа се зборуваше повеќе во јавноста на крајот на мај, бидејќи многу корисници беа принудени да останат дома поради пандемијата, пренесува TechCrunch.

Collab беше добредојден за музичарите, кои не можеа да одржуваат концерти во живо или да негде да настапуваат, па ова може да биде еден од нивните примарни начини да се поврзат со публиката.

Во оваа апликација, засега е можно да се спојат три видеа долги до 15 секунди, кои се емитуваат едно по друго без прекини.

Извор: B92.net