Во желба на своите корисници да им го олесни користењето и пронаоѓањето луѓе на социјалната мрежа, Instagram ја копираше опцијата која ја смисли Snapchat.

Имено, Instagram на профилите на корисниците ја додаде опцијата „nametag”, што всушност е копија на Snapchat опцијата “Snap Code”.

Опцијата можете да ја пронајдете на својот профил, така што ќе го отворите менито кое се наоѓа во десниот агол на профилот.

Секој „nametag” го прикажува вашето корисничко име и можете да го уредите со селфи фотографии, налепници и емотикони.

Доколку скенирате нечиј „nametag” со Instagram камерата, наскро на вашиот екран ќе се појави профилот на тоа лице и опцијата за следење.