Денеска е Меѓународен ден за побезбеден интернет. Овој ден се одбележува секоја година на вториот ден од втората недела од февруари, со цел да се промовира и поттикне побезбедно и поодговорно користење на технологијата и мобилните уреди.

Па, како да се заштитите од опасностите на интернетот? За почеток, користејќи безбедни лозинки. Ново истражување покажа дека повеќето луѓе сè уште мразат да смислуваат посигурни лозинки и покрај тоа што многу од нив биле жртви на хакерски напади.

Kомпанијата со седиште во Лондон, Dojo анализираше 100.000 пробиени лозинки, според Националниот центар за сајбер-безбедност на британската влада (NCSC).

Утврдено е дека „123456“, „qwerty“ и „password“ се најчесто хакираните лозинки. „Овие секвенци се многу лесни за памтење и ги надминуваат јазиците и културите, што ги прави многу популарен избор на лозинки ширум светот“, велат од Dojo.

Утврдено е и дека имињата на домашните миленици или изразите како „љубов“, „бебе“ и „ангел“ се меѓу најчесто хакираните лозинки. Списокот вклучува и лозинки кои вклучуваат имиња на животни, бои или пцовки.

Експертите повикуваат на употреба на покомплицирани лозинки, со уникатни комбинации на букви и бројки, со употреба на автентикација во два чекора (2FA). 2FA бара од корисникот да обезбеди дополнителни информации со лозинката, како што е кодот испратен преку текстуална порака.

Ова се, според британскиот центар за сајбер безбедност, 20-те најчесто хакирани лозинки по категории:

1. Имиња на миленичиња/ изрази за приврзаност и љубов

2. Лични имиња

3. Животни

4. Емоции

5. Храна

6. Бои

7. Пцовки

8. Општи дејствија

9. Членови на семејството

10. Брендови на автомобили

11. Градови

12. Имиња на различни брендови

13. Земји

14. Спортови

15. Религии

16. Хобија

17. Временски услови

18. Пијалоци

19. Имиња на платформи за социјални медиуми

20. Хороскопски знаци

Извор: B92.net