Парламентот на Австралија изгласа измените на спорниот закон според кој дигиталните платфоми треба да им плаќа на медиумите за пренесување на нивната содржина.

Австалиската Влада претходно предложи четири амандмани на спорниот закон.

Facebook минатата недела ги блокираше сите содржини со вести и неколку профили на австралиската Влада и на Министерството за вонредни ситуации.

Но, по преговорите меѓу австралискиот министер за финансии Џорџ министерот Фриденберг и извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг е постигнат договор со соодветни отстапки.