Досега 360p или 480p беше стандардна дефиниција, а за почетна резолуција на високите дефиниции се сметаше 720p, односно резолуцијата од 1280 х 720 пиксели. Меѓутоа, изгледа дека YouTube, кој е во сопственост на компанијата Google, повеќе 720p не ја зема како висока (HD) дефиниција.

Доколку отворите YouTube во Chrome, Safari или Edge, при пушатњето видеа и менување на резолуциите можете да забележиоте дека 720p повеќе ја нема HD ознаката. До пред некој ден тука стоеше јасна HD одредница, како што моментно е присутна кај 1080p резолуцијата, како и кај поголемите резолуции доколку се достапни.

Мислите ли дека ваквиот потег е оправдан? Да бидеме искрени, и ние се прашуваме. Дали тоа значи дека само прашање на време е кога ни 1080p повеќе нема да претставува висока дефиниција, со оглед на тоа дека се повеќе содржини на интернет се 1440p или 2160p. Содржини со 4К резолуција има се повеќе, 8К телевизорите се пред нас, а како на нив се гледаат содржините од „висока дефиниција“ со пониска резолуција и дали сте задоволни од таквиот приказ, ви оставаме на вас да процените.