Креаторот Сет Еверман неодамна го собори рекордот на YouTube, откако еден од неговите коментари на оваа платформа достигна милиони лајкови.

Големиот број лајкови станаа мерило за она што се смета за квалитетно на поголем дел од социјалните платформи и не чуди што броењето на лајкови стана дисциплина и во рамките на оваа секција. Пред пет месеци, Еверман го остави својот коментар под видео спотоѕт за песната „Bad Guy“ („Лош човек“) на музичарот Били Ајлиш и напиша само “I’m the bald guy.” (“Јас сум ќелав човек“).

Оваа едноставна игра со зборови е заслужна за соборување на новиот рекорд на YouTube, што Еверман го сфати на 12. октомври, кога неговиот коментар достигна милион лајкови.

Изгледа дека дефиницијата за успех се менува, што го докажа и интернет заедницата, која милионитиот лајк го доживеа како причина за славење и честитање, а креаторот на коментарот исто така побара и награда – „Hello @YouTube I would like one golden comment award please.“ („Здраво @YouTube, би сакал една награда за златен коментар ве молам“.