Meizu во текот на март го прослави својот 18. роденден, а следниот месец компанијата подготвува неколку објави. Meizu 18 и Meizu 18 Pro ќе бидат претставени на 3 март, а компанијата сега објави некои официјални детали за екраните на овие уреди.

Според официјалното соопштение објавено на Weibo мрежата, Meizu 18 ќе има екран со дијагонала од 6,2-инчи, а веќе знаеме дека ќе има закривени рабови и еден punch-hole отвор за селфи камера.

Кога станува збор за Meizu 18 Pro, овој модел ќе има QHD+ резолуција, со дизајн со 2,5D закривено стакло и селфи камера во центарот.

Се очекува двата модела да бидат доста различни. Meizu 18 пристигнува со Snapdragon 870 чипсет, додека Pro моделот ќе го покренува премиум Snapdragon 888 платформата. Кај Meizu 18 Pro моделот се очекува и поголема батерија и брзина на полнење.