Samsung веќе ги претстави првите модели на телевизори во рамките на својата 2021 ТВ линија, со Neo QLED и microLED опции. Сега компанијата го најавува  Unbox & Discover 2021 настанот, што ќе се одржи на 2 март.

Компанијата истакнува дека планира да ја сподели својата визија за начинот на кој најновите иновативни производи на Samsung ќе ја редефинираат улогата на телевизорите, преку најсовремеите технологии, прекрасниот дизајн и значајните партнерства.

Извештајот од пред неколку дена сугерира дека Samsung би можел да објави QD-OLED телевизори во текот на следната година. Овие панели комбинираат чистите бои на quantum dot технологијата со предностите на OLED панелите. Дали ова ќе ја редефинира улогата на ТВ уредите, останува да видиме.

Samsung работеше и на подобрување на достапноста на своите телевизори, преку функции како што се зумирање на знаковен јазик, подобар приказ на CC (closed captions) преводи и многу повеќе.