Ford планира офанзива на европскиот пазар на електрични автомобили, во рамките на која се најавува голема инвестиција во модернизација на фабриката во Германија

Ford ќе потроши милијарда долари за реконструкција на својата фабрика во Келн и ќе ја претвори во база за производство на автомобили со нулта емисија на штетни гасови, користејќи ја механичката рамка на Volkswagen како столб, вели претседателот на Ford за Европа, Стјуарт Роули.

Тој додава дека линијата на Ford за патнички возила за Стариот континент ќе премине во производство на електрични возила до 2030 година.

Новиот електричен автомобил од американскиот производител треба да се појави на пазарот кон средината на 2023 година, а потоа може да следи уште еден.

Од компанијата велат дека комерцијалните возила се клучни за растот и профитабилноста во Европа и ќе понудат нови производи и услуги во сојуз со Volkswagen. Договорот му овозможува на Ford да ја искористи огромната инвестиција на VW во технологијата za електрични возила, бидејќи автомобилската индустрија се претвора во производство на погон на четири тркала со нулта емисија.

Од Ford посочуваат дека одлуката за инвестирање во фабриката во Келн, во која работат нешто повеќе од 4.000 работници, е донесена откако нејзиниот европски бизнис се врати во позитива, со профит во четвртиот квартал од 2020 година.

Оваа инвестиција е, патем, дел од планираните трошоци на Ford од најмалку 22 милијарди долари предвидени со стратегијата од 2016 до 2025 година за производство на електрични возила.

Извор: Додај Гас