Samsung Galaxy S20 Ultra телефонот сега е достапен во бела боја во Европа, откако дебитираше во Кина. Официјалното име на оваа варијанта на боја е Cloud White.

Уредот е забележан на сајтот на Samsung во Германија, со цена од 1150 евра (исто како и останатите бои). Cloud White варијантата на телефон е достапна само во опција со 12GB RAM и 128GB простор за складирање.

Засега Galaxy S20 Ultra во Cloud White варијанта се појави само во Кина и на споменатата локација во Германија, а не е достапен дури ни во Јужна Кореја.

Galaxy S20 и S20+ се исто така достапни во Cloud White верзија, но само во одредени региони.