Додека милиони гејмери ширум светот пробуваат да го набават својот PlayStation 5, YouTube влогерот стигна до единствен примерок на конзолата

Дека гејминг конзолите PlayStation се меѓу најпопуларните на светот на сите им е јасно. Секоја генерација на конзолата на Sony се продава во десетина милиони примероци, а последната петта генерација и натаму е тешко да се набави.

Додека светот се обидува да ја купи „нормалната“ PlayStation 5 конзола, еден YouTube влогер успеа да добие огромен PS5 со висина од три метри и тежина од 227 килограми. Оваа конзола е целосно функционална, односно може да се играат игри како и на „обичната“ конзола.

Дека тоа е уникатен примерок и единствен таков во светот потврдија од Гинисовата книга на рекорди.

Сепак, овој примерок на PS5 чини 70 илјади долари, а негов сопственик веќе е познатиот YouTube влогер ZHC.

Тој сепак не беше задоволен од изгледот на конзолата, па заедно со своите пријатели помина 100 часа „доработувајќи го дизајнот“ и натпреварувајќи се кој подобро ќе ја украси конзолата.

Извор: Zimo.hr