Ова не би требало никого да изнеади, но Nintendo не излегува од хардвер бизнисот во скоро време. Уште повеќе, компанијата откри дека работи на следната конзола, иако датумот на излегување не е ни приближно најавен.

Компанијата соопшти дека „следниот гејминг систем“ ќе се појави во „20XX“, што може да значи пред 2100. година. Иако веројатно не е така, можно е дека новиот модел нема да се појави во следните неколку години. Кога би можеле да го очекуваме следниот хардвер од Nintendo, би можел да ни каже графиконот подолу.

Иако донекаде потврди со одреденитр Wii серии, со најновата Switch конзола компанијата само реди успеси. Продадена е во повеќе од 60 милиони примероци, за 2021. година се подготвува засилена серија, а и Switch Lite верзијата бележи добра продажба, посебно на американскиот пазар.